Обилните снежн врнежи и ниските температури условија прекин на наставата во повеќе области во Албанија.
Министерството за образование, млад и спорт соопшти дека во вкупно 280 училишта во земјата денеска немало настава, а така ќе биде во следните денови.
– Настава од денеска нема во околиите Скадар, Кукс, Корча, Елбасан, Ѓирокастро, Пешкопеја, додека во планинските населени места настава нема од вчера. Изгубените наставни денови ќе бидат одработени со побрување на временските услови, се наведува во соопштението на албанското Министерство за образование.
Поради обилните снежни врнежи планинските населени места се завеани, непроодни се и неколку националани патни правци, чести се прекините во снабдувањето со електрична енергија.
Оценувајќи ја состојбата како тешка, министерката за одбрана Олта Џачка, упати апел до граѓаните да не излегуваат од своите домови без некоја неопходна потреба, а сопствениците на возила да не возат без да користат синџри и строго да ги почитуваат сообраќајните прописи и условите на патот.
– Повеќе од 2.000 прпадници на албанската армија, полицјата, работници на електродистрибуција се во целосна подготвеност да им помогнат на граѓаните доколку има потреба. Армиски хеликоптери со нивните екипажи се подготвени во транспорт на евентуални болни лица, како и дотур на храна во завеаните населени места, изјави Џачка.
Целосно се блокирани селата во областите Голо Брдо и Гора, кои главно се населени со Македонци.