Обилниот снег предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во саботата во Чешка, Полска и Словачка.
Во чешкиот град Хертвиковице, мотоциклист загинал кога врз него паднало дрво.
Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков, 70-годишна жена останала без потребна залиха од чист кислород и поради тоа починала. Противпожарното возило кое требало да и достави ново боца со кислород излетало од патот поради снег и не стигнало навреме.
Во Полска 100.000 домаќинства останаа без струја поради снежното невреме.
Слично е и во Словачка, каде што илјадници домаќинства вчера беа отсечени поради снежните врнежи. Полицијата извести за бројни сообраќајни несреќи во таа држава предизвикани од лошото време.