Насрин Ахтар, по потекло од Индија, која живее во Велика Британија, пред два дена е осудена на две години затвор оти ја лажела Службата за социјални услуги и така собрала 260 000 фунти.

Од 2002 до 2013 година, врз основа на тврдењето дека е „самохрана мајка со слаба подвижност и премногу болна за работа“, таа ја собрала споменатата сума.

Поради некои сомнежи, Одделот за работа и пензија, започнал истрага против неа Насрин Ахтар (50) во 2012 година.

Потоа, полицијата ја пронашла во нејзиниот стан со маж во кревет (што подоцна таа го негирала) и потоа е видена како танцува со семејството на свадба.

 

Како што соопштија надлежните, овој случај бил многу сложен со измама за финансиска корист што е далеку над просекот.

Иако првично го негираше тоа, Насрин ја призна измамата пред судот на 7 октомври годинава, по седум точки од обвинението.

За време на истрагата, откриено е дека таа ги излажала надлежните органи и дека и требале пари за да ја плати закупнината, а било утврдено дека таа и нејзиниот партнер се сопственици на куќата во која живееле.

Социјалните работници нагласија дека случаите како што е овој, обесхрабруваат, и им прават проблеми на оние на кои им е навистина потребна помош.