На денешните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ победи актуелниот лидер Венко Филипче.
„Му честитам претседателот Венко Филипче за четири годишниот мандат“, рече Георгиевски.
По завршување на гласањето и пребројувањето на гласовите, Филипче изјави:
Сакам најпрво искрено да им се заблагодарам на сите што излегоа и гласаа – ова е ваша победа, ова е потврда дека сме на добар пат. Денес ги славиме вредностите во кои веруваме – демократија, правичност и напредокот. Добив доверба од двојно повеќе членови од првиот пат – тоа не го гледам како лична заслуга, туку како сигнал дека членовите веруваат во насока во која се движи СДСМ.
Посебна благодарност до секој активист, секој член, секоја општинска организација. Високата излезност зборува гласно – СДСМ се буди, СДСМ се консолидира, СДСМ зајакнува!
Ова не беше само технички процес, ова беше политичко мобилизирање, сигнал дека СДСМ е жива и подготвена. Продолжуваме да градиме партија во која секој член се слуша, секој активист е важен, секој став се почитува. Во изминатите десет месеци тоа го покажав и докажав, така продолжуваме и понатаму. Ќе продолжиме со отворен дијалог, со вклучување на нови луѓе, со создавање нова генерација на политичари кои ќе ги промовираат вредностите на социјалдемократијата.Од овие избори пораката е јасна: СДСМ не само што не се предава, туку се зацврстува, се подготвува и ќе биде клучен играч во новата политичка фаза што доаѓа – изјави Филипче.