Доктор Борче Јовчески ќе биде кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп. Од она што го објави на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Прилеп ќе излезе токму со познатиот доктор Јовчески.
-Д-р Борче Јовчески за Прилеп, многу добро расположение и спремност за работа за доброто на општината и сите прилепчани, пишува во својата објава Милошоски.