Фудбалерите на Германија во судиското надополнување успеа да избегне пораз и да го скрши отпорот на Швајцарија (1-1) и го задржа првото место во групата А на Еврпското првенство.
Номиналниот домаќин на овој натпревар поведе со голот на Ндоје, а потоа играше перфектна одбрана со која ги одбиваше налетите на фаворитот. По бројни шанси, отпорот пукна во 92. минута со голот на џокерот Никлас Филкруг.
Доминантната игра на Германците им вроди со плод, па откако обезбедија реми во финишот го задржаа првото место во групата А.
Драматично беше и на вториот натпревар од оваа група. Унгарија и Шкотска одиграа неверојатен натпревар со многу шанси на двете страни, а голот за победа беше постигнат дури во 10. минута од судиското надополнување на второто полувреме кога Кевин Чобот ја затресе мрежата на ривалот.