Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се вакцинираше против Ковид-19.

Оваа информација министерката ја потврди на нејзиниот фејсбук-профил и воедно апелира граѓаните да се вакцинираат.

– Во одбрана на здравјето – вакцинирајте се! Да го заштитиме своето здравје и да придонесеме за колективното. Доколку не сте вакцинирани пријавете се на www.vakcinacija.mk, напиша Шекеринска на Фејсбук.