Државјани на Република Македонија кои се пријавени за хуманитарните летови се очекува денеска да пристигнат во земјава со летови од Виена и Базел.
Синоќа по полноќ се очекуваше авион со 180 наши државјани да слетаат на скопскиот аеродром од Бон.
Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде што ќе поминат 14 дена во изолација.
Вчера од Берлин со авион беа вратени 176 лица. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на фејсбук информира дека во летот на Визер кон Германија беа однесени и странски државјани од Скопје.
– Во соработка со странските претставништва кај нас, им помагаме при репатријацијата во нивните татковини: Австрија, САД, Австралија, Чешка, Холандија, Малезија, Словачка, Унгарија…Таква соработка и солидарност ќе има и утре, на летовите кон Виена и Базел ќе однесеме странски, а дома ќе вратиме македонски државјани, напиша Димитров.