Легендарниот холивудски актер 78 годишниот Силвестер Сталоне ги воодушеви своите следбеници со нова објава посветена на неговата сопруга Џенифер Флавин.
Тие се во брак од 1997 година, што е вистинска реткост во Холивуд, иако и тие поминале низ многу подеми и падови.
Заедно со нивните фотографии од младоста, тој и го честиташе роденденот, а и посвети трогателни зборови.
“Среќен роденден на мојата сопруга, Џенифер! Јас и децата мислиме дека си апсолутно неверојатна. Те сакаме засекогаш”, напиша тој.
На една од фотографиите во серијата што ја сподели, во позадина се гледа Свети Стефан, црногорскиот остров на кој актерот престојувал со семејството во далечната 1990 година.
Во 2022 година славниот пар немаше толку романтични изјави. Џенифер на крајот на летото поднесе барање за развод од познатиот Роки, по 25 години брак. Тие сепак нашле заеднички јазик, а извор близок тогаш открил дека се сретнале и решиле да ги решат проблемите.