Постојат многу причини да ја негувате кожата. Како најголем човеков орган, кожата е важна за изгледот, но има особено значајна улога и во одржувањето на севкупното здравје. Таа влијае и на самодоверба и на изгледот, а важно е да спомне дека добрата или правилна нега значи и превенција од можни заболувања во иднина. Таа е и првата бариера која го штити телото и внатрешните органи и битно е да се одржи бариерата силна, затоа што сувата, испукана или иритирана кожа е склона кон инфекции.
Кожата ја рефлектира здравствена состојба на секој поединец. Затоа и не изненадува што Галеника, како еден од регионалните фармацевтски лидери чија мисија е да е посветена на луѓето, верна на здравјето, посветува многу внимание на негата на кожата и особено е горда на своите два бренда Јекодерм и Пантенол.
Ретко кој може да си ја замисли домашната аптека без овие традиционално присутни производи во нашите домови.
Причини за нега на кожата
Здравата кожа изгледа убаво, но и помладо. Односно, хидрираната и негувана кожа го задржува сјајот и побавно ги покажува знаците на стареење. Кога се користат висококвалитетни производи за нега на кожата, се отстрануваат мртвите клетки и кожата се регенерира со нови клетки кои прават да изгледа убаво. Превентивната нега е за секого, независно од возраста и од типот на кожата.
Пантенол негува и од надвор и од внатре
Линијата производи со пантенол на Галеника нуди нега за телото и надворешно и внатрешно. Односно, линијата содржи пена со 9% пантенол, крема, маст и растовор чии основна намена е нека и заштита на кожата, како и ублажување на тегоби после долготрајно сончање, смирување на кожни алергии и нега на брадавиците кај доилките.
Пантенол пената содржи D – Panthenol 9%, алое вера, алантоин и витамин Е, и е вистинско откритие за летните месеци затоа што ја негува, регенерира и хидрира кожа што е изложена на сончеви зраци и вода.
Пантенол кремата ги има многуте својствата на чудесниот витамин Б5 за подмладување и навлажнување на кожата. Пантенолот е ефикасен антиоксиданс и помага за зарастување на рани и изгореници. Но и да ја направи кожата на рацете да изгледа поздрава и подобро негувана од кога било претходно затоа што поттикнува производството на колаген и еластин.
Со Пантенол маст кожата ги добива сите неопходни хранливи материи во еден производ. Покрај пантенолот, маста содржи и ланолин, чија способност да ја навлажнува, штити и негува кожата го прави одлична опција за оние кои бараат поприродно и поефективно решение за нега на кожата. Сите овие особини на состојките, ја прават маста вистински избор за правилна нега за рацете, лицето и телото.
Растворот може да се користи и за нега на слузокожа и на коса. Бенефитите за косата кога користите Пантенол, што во суштина е витамин Б5, се бројни. Растворот ја зајакнува косата, односно продира во секое праменче на косата и ја запечатува кутикулата за да спречи расцепување или кршење. Пантенолот им обезбедува на косата и скалпот влажност, што овозможува заштита од оштетување на влакната при грубо четкање и стилизирање со фен или пегла. Пантенолот инстантно ги измазнува сите несовршености на косата.
Бонус совет – растворот е одличен и за нега на машката брада.
Значи кога ќе помислите на негата на кожата и прво ви текнува на чувствителните делови од лицето, вратот, градите на кои се посветуваат третмани за нежно чистење со вода, хидрирање и нега. Со Галеника сето ова го добивате во една козметичка линија.
Треба да се спомне и дека под подлабока нега се подразбира пиење на вода и избор на здрава храна и здрав животен стил.
Јекодерм речиси седум децении се грижи за здрава кожа
Еден од првите избори на мајките за грижа на бебешката кожа, како и првата помош за изгореници на кожата во лето е Јекодерм. По него се посегнува од неопходност, но набргу станува дел од секојдневната нега на сите членови во семејството.
Јекодерм традиционално е првата помош во случај на изгореници по долготрајно сончање. Поради природните состојки, особено е погоден за нега на кожата на децата, па на одмор се патувало и со неколку пакувања од оваа маст. Освежување за летово е што во аптеките Јекодерм веќе е достапен во ново поголемо пакување, односно фамилијарно пакување од 50g. Доволно за сите членови во семејството.
Јекодерм е тајната состојка за намалување на брчките, намалување на појавите на воспаленија и акни на кожата, лекување на лузните од мозолчиња, како и за традиционална нега на кожата на многу жени кои маста ја користат пред спиење. Секој Јекодерм е една четвртина рибино масло, кое е многу корисно за нега на кожата. Го забрзува процесот на епителизација на кожата, ја измазнува и ја прави поеластична.
Денес Галеника ја произведува Јекодерм со мирис на кокос, односно многу поблаг мирис од минатото, а подеднакво ефикасна како во деновите кога за првпат се појавила на пазарот. Јекодерм содржи и витамин А, кој успешно делува за спречување на предвремени брчки и витаминот Д, кој е одговорен за убавината на кожата.
Н2О или водата – најдобро средство за чистење на кожата
Дерматолозите секогаш предупредуваат дека кожата не треба да се чисти со јаки гелови или сапуни, туку најдобра нега обезбедува нежно чистење со вода. При тоа не се препорачуваат да се користат крпи затоа што трлањето може да ја иритира кожата. Затоа утринскиот режим нека стартува со миење со млака вода и нежно тапкање со прстите. Идејата е кожата да ги задржи природните масти кои ја одржуваат здрава.
Впрочем, наследените гени не се единствениот услов за убава кожа. Секојдневните навики и рутината се многу важни за добри резултати. Особено е битно ритуалот да го прилагодите на вашите потреби затоа што грижата за кожата е личен избор, а добриот избор ја зајакнува и разубавува кожата.