Градот првоборец, град со славно револуционерно минато, кој опстојува 506 години, денеска го одбележува светлиот датум од поблиската историја – 11 Ноември.

Свечената манифестација во Занаетчиски дом, со пригодна културно – уметничка програма, во чест на 81 годишнина од денот на ослободувањето, збогатена со музичка изведба на класична музика, на наставници од УОМО “Панче Пешев” – Куманово, се одржа денеска, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, со поддршка на Општината.

Присутните имаа можност да проследат видео презентација, за постигнувањата и реализираните капитални проекти, во текот на изминатиот едногодишен период, кои се од витално значење, за граѓаните на Општина Куманово.

На празничната програма посебен акцент и даде градоначалникот Максим Димитриевски, со пригоден говор и особена почит кон важноста и значењето на денешниот датум. На свеченоста присуствуваа претставници од: Сојуз на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945) и граѓани продолжувачи – Општински одбор Куманово, претставници од ЗАПВАРС, делегации од високи државни институции, од МВР, од АРМ, пратеници од Собранието на РСМ, претставници од Министерствата на РМ, амбасадори и претставници од дипломатијата, делегации од збратимени градови и соседни општини, јавни претпријатија и установи, општински основни и средни училишта, здруженија на граѓани, политички партии и др.

На поединци и здруженија/клубови, кои со своите постигнати успеси и дела, дале придонес во повеќе општествени дејности, градоначалникот Димитриевски им додели благодарници, посакувајќи им повисоки достигнувања и реализација на нови идеи и проекти во иднината:- Зоран Арсовски – Бабата, академски ликовен уметник,- проф. д-р Аљмир Рушити,- Иван Цветковски – за афирмација на духовното и културно наследство, спортот, културата и заштита на животната средина во градот, - Танцов спортски клуб “Динамик”,- Танцово студио “Виртус”,- Бобан Стефановски – лиценциран планинарски водич,- Спортски кик бокс клуб “Предатор” – Куманово,- Фудбалски клуб “Башкими 1947” – Куманово и – Младински кошаркарски клуб “Куманово”