Овој лековит зеленчук може да ви ја намали желбата за слатка и нездрава храна, велат научниците.
Најновото истражување кое го спроведоа шведските научници од Универзитетот Лунд покажа дека консумирањето на спанаќ може значително да го намали апетитот. Имено, докажано е дека во спанаќот се наоѓаат тилакоиди кои всушност го поттикнуваат слабеењето.
Во ова истражување учествувале 38 жени со прекумерна тежина. Резултатите покажале дека земањето на екстракт од тилакоиди го поттикнува лачењето на хормонот кој испраќа сигнали дека сме сити, па на тој начин, апетитот се намалува. Со контролата на апетитот се намалува и можноста да посегнете по нездравите намирници.
– Нашите анализи покажаа дека со пијање на пијалок во кој е додаден екстракт од спанаќ пред појадокот можеме да го намалиме апетитот и да бидеме сити во текот на денот, вели професорката Шарлот Ерландсон Албертсон, која беше дел од ова истражување.