Малите Дилан и Деиниол од Велика Британија неодамна наполнија една година, а вниманието на медиумите го привлекоа минатата година.

Тие се родени предвреме, во 25 недела од бременоста. Дилан тежел повеќе од 900 грама, а неговиот брат Деиниол околу 850 грама.

Нивната мајка Хана Зимуња (28) и таткото Чави (40), кои во тој момент имаа уште три деца дома, пребледеле кога докторите им рекле да се подготват за најлошото. Белите дробови на бебињата биле толку неразвиени што итно биле пренесени на интензивна нега во болницата Ројал Болтон.

Таму, тие биле поврзани со апарати за дишење и завиткани во специјални пластични кеси за да се создаде топлина и влажност слична на условите во стомакот на нивната мајка.

По 14 недели во болницата, состојбата на Дилан почнала да се подобрува и лекарите им рекле на родителите дека можат да го одведат дома. Но, Деиниол сè уште дишел со апаратот и сè повеќе пропаѓал откако се разделил од неговиот брат.

Лекарите организирале се за Далан да си оди дома, а на неговите родители им рекле дека ќе треба да се збогуваат со малиот Деиниол затоа што шансите да преживее биле мали. Меѓутоа. кога накратко го положиле Дилан крај неговиот брат во инкубаторот, се случи чудоло. Неговото ниво на кислород се зголемило и состојбата започнала драматично да се подобрува.

Дилан го спасил животот на неговиот брат близнак со неговата близина и допир

Отишле дома со Дилан, а се договориле со лекарите дека ќе го повторат ова дружење за два дена. Откако повторно поминал извесно време со својот брат во инкубаторот, состојбата на Деиниол толку се подобрила, што тој почнал да дише сам. Мајка Хана мисли дека Дилан го спасил животот на неговиот брат со допир и близина.

„Не го очекувавме тоа, ниту лекарите, ниту медицинските сестри. Тоа е чудо. Со прегратка, му го спаси животот. Тоа беше фантастично да се гледа, и како секој да сакаше да ни каже, дека никогаш не требаше да ги разделиме. Таа врска меѓу близнаците навистина постои” , вели пресреќната мајка, додавајќи дека тие наполниле една година минатиот месец.

Малечкиот поминал седум месеци во болницата пред конечно да се придружи на своето големо семејство. Тој сè уште добива кислород, но постепено му ја намалуваат дозата, бидејќи белите дробови му се засилуваат.

Нема научно објаснување за ваквото ненадејно и неочекувано подобрување на здравјето, но познато е дека допирот помага, било да е од родителите или браќата и сестрите. Исто така, многу родители на близнаци веруваат во т.н. спасувачка прегратка на близнаци.