Вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп ќе предизвика нов бран десничарски политики во Европа, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, започнувајќи ја, како што рече, офанзивата да се окупира Брисел.
Уште неколку часа, па дури и сонцето ќе свети поинаку во Брисел. Нов претседател во САД, голема фракција патриоти во Брисел, голем ентузијазам, рече Орбан додавајќи дека Брисел во моментот е „окупиран од лево-либерална олигархија“.
Часови пред инаугурацијата на Трамп, Орбан изјави дека очекува златно доба во американско-унгарските односи и покрај царините кои Трамп ги најави за европските земји.
– Уште неколку часа, па дури и сонцето ќе свети поинаку во Брисел. Нов претседател во САД, голема фракција патриоти во Брисел, голем ентузијазам – рече Орбан додавајќи дека Брисел во моментот е „окупиран од лево-либерална олигархија“ и дека ЕУ „не може да обезбеди просперитет за своите граѓани, не може да ја запре илегалната миграција или да се грижи за нејзината безбедност“.