Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да ја продолжи дебатата за утврдување на Предлогот за избор на судии во Уставниот суд.
Членовите на Комисијата треба да продолжат со расправата за предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.
На крајот на октомври минатата година Собранието ги избра судијата од Апелацискиот суд во Скопје, Фатмир Скендер и советникот за граѓанско законодавство, Татјана Васиќ-Бозаџиева за нови уставни судии.