По вчерашната интерпелација за министерот за надворешни работи поднесена од страна на опозицијата денеска Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи 81. седница на која треба да расправа за Предлог-измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица.
На дневен ред на седницата се и измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, измените на Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот во земјоделството, како и измените на Законот за класифицирани информации, сите по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за предлог-измените на Законот за земјоделство и руралниот развој, на Законот за трговија на зелените пазари, на Законот за пратениците и на Законот за поштенските услуги.
На 81. седница е и Граѓанската иницијатива за собирање потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија.