Сега веќе бившиот премиерот Зоран Заев претпладнево ја достави својата оставка до Собранието на Република Македонија.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, оставката ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој потоа ќе треба да го извести спикерот Талат Џафери за новиот мандатар.
Потоа, претседателот на Собранието ќе закаже седница на која треба да биде констатирана оставката на премиерот и на други членови на Владата и да биде избран новиот состав на техничката влада. Дополнително ќе биде соопштен терминот за одржување на седницата.
Како што е веќе познато, според договорот на политичките партии, мандатар на новата техничка влада ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе бидат Наќе Чулев и Рашела Мизрахи.
Составот на техничката влада треба да биде изгласан до вечерва на полноќ во Собранието, а таа се формира 100 дена пред предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.