Со 63 гласа „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“ Собранието го донесе Буџетот за следната година.
Власта вели дека тој е развоен и насочен за помош на граѓаните и стопанството, додека опозицијата вели дека тој е одраз на недомаќинско работење. За ВМРО-ДПМНЕ недозволиво е да се трошат пари за непродуктивни цели во услови на здравствена, економска и енергетска криза.
Според СДСМ, проектите се од интерес за граѓаните и треба да продолжат политиките кои велат ќе доведат до излез од кризата и поголем раст.
Предлог буџетот е вреден 4,4 милијарди евра, а за капитални проекти ќе бидат потрошени 615 милиони евра.