Симонд Бошет (12) не е обичен ученик од основно училиште. Иако многу негови соученици се зафатени со видео игри и спорт, тој е посветен на прехранување бездомници.

Бошет, кој има само 12 години, дури основал своја непрофитна организација за да може да ја извршува својата хуманитарна мисија. Имал само 8 години кога ја покренал „Share Hope USA“, која се залага за гладните, без сместување и безнадежните.

„Почнав со ова затоа што знаев дека има луѓе на кои им треба помош и сакав да видам што можам да направам за да им помогнам“, вели Симонд, кој сега е седмо одделение.

Сонот на Бошет се родил кога поминувал покрај бездомник на автопатот, кој држел транспарент со натпис: „Ми требаат пари за јадење, ве молам, помогнете“.

Инспирираното момче знаело дека веднаш мора да дејствува. „Имав пет долари во џеб и сакав да му ги дадам, но веќе го поминавме, па му реков на татко ми: ‘Сакам да им помогнам“, се сеќава тој. А тој му одговорил: „Па, можам да свртам и да му дадеме пет долари“. Симонд му рекол: „Не ме разбираш, сакам да им помогнам на сите“.

Со поддршка од неговиот татко, Симонд речиси веднаш ја покренал „Share Hope USA“ (Сподели надеж САД).

„Тој отсекогаш беше дарежлив, а јас само требаше да сфатам што значи тоа“, вели неговиот татко Расел. А, тоа што буквално значеше е дека тој буквално сака да му помогне на секој.

Неговиот тим досега нахранил над 9000 бездомници.

„Носиме (храна) каде и да има бездомници, под подвозник, зад автопатите“, објаснува Бошет. „Им носиме топли оброци“.