Никој не го знаеше Алан Нејман од Вашингтон,се додека овој социјален работник не остави 11 милиони долари наследство на децата во сиропиталиште. Нејман, како што велат неговите колеги, секогаш бил скромен човек.
Тој никогаш не носел скапа облека, се возел со градски превоз, а за одмор избирал прифатливи дестинации. Меѓутоа, кога тој им оставил 11 милиони долари на локалните сирачиња, сите негови пријатели и колеги останаа шокирани.
Великодушниот Ален почина на 63 години. Во својот тестамент, сакал само едно нешто, а тоа е неговите пари да дојдат до деца на кои им се потребни.
„Сите беа шокирани, никој не веруваше дека Ален всушност имал толку пари кај себе. Се чини дека штедел целиот свој живот”, вели неговата пријателка Мери Монахан, која долго време работела со него во социјалната служба.
Откако му бил дијагностициран рак, тој им навестил на своите пријатели дека луѓето ќе бидат изненадени од количината на пари, кои ќе ги остави зад себе.
Нејман ја напуштил позициајта банкар за да работи со деца. Колку љубов имал кон децата потврдува и неговата триесетгодишна кариера и работа со деца во сиропиталишта.
„Верувам дека мислел оти има сè што му е потребно, а како многу други луѓе немаат. Тоа беше таков човек, а децата секогаш ќе го носат во срцата”, рече Монахан.
Нејман наследил малку богатство од неговите родители, но тој штедел целиот свој живот. Повеќе од 11 милиони долари сигурно ќе им донесат подобар живот и иднина на децата во сиропиталиштата.