Бугарскиот претседател, Румен Радев, синоќа разговараше со претседателот на Воениот комитет на ЕУ, генералот Клаудио Грацијано, за амбицијата на Европската унија да постигне рамнотежа меѓу задачите, ресурсите и можностите на вооружените сили во одделни земји-членки.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата во зградата на претседателството разговарале за модернизацијата и развојот на одбранбениот капацитет на бугарските вооружени сили.
Претседателот Радев истакна дека постигнувањето на целите на ЕУ во областа на одбраната е поврзано и со стекнување современи високотехнолошки платформи и со создавање услови за висока професионална обука и мотивација на персоналот.
За време на разговорите, претседателот Радев ја истакнал улогата на Бугарија како фактор за промовирање на стабилноста и безбедноста во регионот на Југоисточна Европа.