Докторката Аспазија Софијанова смета дека мерката за задолжително носење на маска на отворен простор е исправна.
-Јас имам конзервативен став околу оваа мерка и сметам дека е исправна, и тоа не е направена како аналитика и статистика. Но, тоа е статистика на глобално ниво. Експертите правеле анализа на вирусот, и сметаат дека е исправно така. Од друга страна имаме работа со нешто непознато. Имаме вирус кој беше вирулентен, па се намали тоа, и сега се случува нешто страшно – рече Софијанова.
Таа посочува дека најдобри маски се Н95, но, како што истакнува, сите маски штитат.
Таа смета дека државата треба да се потруди на населението да обезбеди маски, особено од типот Н95, зошто не секој може да си ги дозволи.
Докторката потенцираше дека таканаречените хируршки маски, се за еднократна употреба не смеат да ги носат повеќе пати.
-Според последните истражувања, аеросоли од коронавирусот може да останат во воздухот од 4-6 часа. И затоа е потребно да се носи маска и на отворено – смета Софијанова.