Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го оправда поразот од 1:2 на Севиља во полуфиналето на Лига Европа со младоста и неискуството на неговиот тим, како и промашените можности.

– Ако ги реализиравме нашите шанси, ќе победевме убедливо. Нашиот тим е млад. Играчите треба да научат редовно да победуваат. Нивниот голман Буну одигра фантастичен натпревар. Нема од што да се срамиме. Бевме многу добри по продолжението на сезоната. На крајот стана јасно дека противникот веќе нема сили да продолжи ниту физички, ниту ментално, прокоментира Норвежанецот по мечот.