Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер по синоќешната победа над Саутемптон со 9:0 е уверен дека по вакви натпревари расте самодовербата на тимот.

– По ваков натпревар добивате голема самодоверба и секогаш е добро кога тимот постигнува голови, истакна Норвежанецот.

Јунајтед речиси цел натпревар го играше со фудбалер повеќе поради исклучувањето на гостински играч уште во 2. минута, а Саутемптон доби и втор црвен картон во 86. минута.

– Сме виделе многу примери кога по рано исклучување, тимот се затвора и на крај успева да извлече нерешено. Во овој случај не беше така. За наша среќа, за кусо време ја искористивме предноста и потоа нашите играчите демонстрираа магија. Вечерта беше за уживање, потенцира Солскјер.

Манчестер јунајтед е втор на табелата во Премиер лигата со 44 бода од 22 натпревара. Лидер е Манчестер сити, исто така со 44 бода, но и две средби помалку.