Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјеер, им се извини на навивачите по високиот пораз (4:0) од Евертон во натпревар од 35. коло на Премиер лигата.
– Ние денеска бевме претепани во сите аспекти. Но, имавме фантастична поддршка. Само сакам да се извинам на навивачите за нашата игра на овој натпревар. Нашата цел е да бидеме меѓу првите четири. Тоа ќе биде многу тешко. Денешната игра беше недостојна за Манчестер јунајтед. Ние сме свесни за ова и сакаме уште еднаш да им се извиниме на навивачите, изјави Солскјер.
Манчестер јунајтед е на 6. место на табелата, со 64 бода.