Во нападот врз хотелот во главниот град на Сомалија, Могадишу, убиени се 11 лица, вклучувајќи ги и петмината напаѓачи од групата Ал-Шабаб, изјави денеска владиниот портпарол откако заврши целата операција, јави ДПА.
Исламистичката група Ал Шабаб, која има тесни врски со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот, што почнал доцна синоќа и траел цели шест часа во хотелот, наведе германската агенција.
Во нападот се ранети уште најмалку осум лица, додаде владиниот портпарол Исмаил Михтар Омар.
Во полициската акција на расчистување на нападот и спасување од хотелот биле извлечени стотина лица.
Хотелот, што се наоѓа во непосредна близина на претседателската палата во Могадишу, е многу популарно место за политичарите, наведуваат полициски извори. Во него за време на нападот имало многу политичари и лидери на локалната заедница.
Вооружените напаѓачи влегле во хотелот, минуваји низ безбедносниот влез облечени во униформи на безбедносните сили.
Ова е трет пат во последната година хотел да е цел на напад на милитанти, појаснува ДПА.