Во напад на бомбаш самоубиец од групата Ал Шабаб во Могадишу е убиен познат сомалиски новинар, а се повредени уште неколку лица.
Новинарот Абдиазиз Мохамед Гулед, познат како Абдиазиз Африка, известуваше за активностите на терористичката група Ал Шабаб за сомалиското државно „Радио Могадишу“.
Ал Шабаб потврди дека стои зад убиствата, а оваа исламистичка организација често изведува слични терористички напади.
Во нападот, кој се случил во близина на прометен ресторан, се повредени четири лица. Еден од повредените е директорот на Сомалиската национална телевизија, објави медиумската куќа на Твитер.