Американската вселенска агенција НАСА во новата година влезе со историско откритие – фотографија од најоддалечен објект што е посетен во Сончевиот систем.
Фотографијата на небеското тело Ultima Thule ја испрати сондата Њу хорајзонс, околу 30 минути по полноќ по локлано време.
Контролорите во Лабораторијата за применета наука на Универзитетот Џон Хопкинс прославија момент кога сигналот од леталото бил „фатен на земјата“.
– Има две работи кај Ultima Thule кои се важни за науката. Прво бидејќи е толку оддалечено од Сонцето, сончевите зраци едвај се пробиваат, и температурата е на аспсолутна нула. Како резултат на тоа, се е змрзнато и тоа небеско тело е во оригинална состојба. Така длабоко смрзнато тело кое има 30 километри не може да има геолошки активности како Плутон, објасни главниот истражувач Алан Стерн.
Ultima Thule е долго 32 километри, а фотографијата е направена од околу 800.000 километри. НАСА само што почна да прима фотографии од Њу хорајзонс и вкупно ќе бидат потребни 20 месеци сите пдоатоци да зтигнат до Земјата. Сигнaлот од него патува шест часа пред да сригне до Земјата. Ultima Thule e зад Плутон.