Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) реагира на известувањето на Министерството за образование и наука за одработувањето на деновите 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни без одработување, поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори.
Откако вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков го објави известувањето на МОН кое било испратено до училиштата, денеска следува и реакција од Синдикатот.
-СОНК е организација која се бори и е поборник за почитување на законите, но во овој случај, мора да реагира со неприфаќање на ваквата Ваша одлука, проследена преку известувањето, се вели во реакцијата на Синдикатот.