„Министерката Тренчевска барем да кажеше дека сегашните плати на воспитувачите и негователите ги кажува во бруто износ“, реагира СОНК на објавата на министерката за труд Тренчевска за платите на вработените во градинките.
Во реакцијата на СОНК се додава:
„Или ако се во нето, барем да ги кажеше вистинските износи. Или ако не беше сигурна, требаше да праша некого во градинката каде што беше, ќе и кажеа.
За волја на вистината, воспитувач со високо образование има 30.697, со вишо 28.317, а негувател 23.718 денари нето плата.
На што се должи оваа лажна информација на министерката, може само да претпоставуваме или таа да ни објасни?!“