Во главниот град вчера 21 лице возеле без дозвола, а 20 возачи возеле неисправни возила, бележи билтенот на полицијата кои во текот на вчерашниот ден санкционирале 384 возачи.
Како што соопштија од МВР, во текот на вчерашниот ден за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 138 прекршоци, 20 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли и еден четирицикл. За непрописно паркирани возила иречени се 88 мерки, а 72 возила се подигнати со пајак. Изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска.
Од полицијата информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.