Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга – Дебар, соопшти денеска СВР Охрид.
Сообраќајната несреќа, како што е наведено, се случила кај клучката кон струшкото село Долна Белица, меѓу автомобили „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(52) на привремена работа во Австрија, и „Опел“ со вевчански ознаки, управуван од С.Ш.(41) од Вевчани.
– Со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел“, констатирани во Општата болница во Струга, додека малолетно лице-сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди. Увид на местото на сообраќајната незгода, извршија полициски екипи, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.