Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар.

Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.

Според првичните информации од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9.50 часот, сообраќајната несреќа била помеѓу камион и автомобил.

Повредените не се во животна опасност.