Три лица се повредени во судир помеѓу автобус и комбе која вчера се случила кај демирхисарското село Жван.

Вчера во 04,29 часот било пријавено дека во село Жван се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе “ТАМ“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ф.Ш. од село Вирово и автобус „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.К.(56) од село Сапотница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Ш.(81) од Вирово, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник од истото возило Б.Н.(72) од Вирово констатирани во Клиничката болница Битола, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.