Во рамки на засилените акциски контроли што МВР ги спроведува на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум во текот на вчерашниот ден санкционирани се 330 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што соопшти МВР, 21 возач возеле со дури 70 километри на час над дозволената брзина, а 124 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и денеска и во наредните денови. Потенцираат дека е евидентно оти има намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.