Сообраќајот на патниот правец Р – 2245 Крива Паланка – село Осиче утре ќе биде во прекин поради изведување градежни работи – асфалтирање на патниот правец.
Како што соопштија од ЈП Македонијапат, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот помеѓу 10.00 и 15.00 часот.