Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Видливоста е намалена поради појава на магла има на два планински превои – до 50 метри на Плетвар и до 80 метри на Стража, информираат од диспечерскиот-информативен центар на ЈП „Македонија пат“.
Од претпријатието посочуваат дека сите патни правци низ државата се проодни, но предупредуваат дека на делници кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.
Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.




