Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во населбата Потстаница, што е во завршна фаза на подготовки пред нејзиното официјално отворање, информираат од Општина Кисела Вода. Станува збор за нов објект на ЈДГ „8 Март“.
При денешната посета на објектот, Мицкоска донела подароци, играчки наменети за дечињата кои ќе бидат згрижени во оваа установа. Од Општина Кисела вода соопштуваат дека внатрешноста на градинката е веќе целосно опремена со современи реквизити, а во моментов тековните активности се насочени кон финално уредување на дворот.
-Упатувам искрена благодарност до госпоѓа Рози Мицкоска за овој убав гест. Играчките ќе донесат многу радост за дечињата во овој нов објект, кој наскоро ќе ги отвори своите врати. Континуираното вложување во детската заштита и проширувањето на капацитетите останува наш врвен приоритет- истакнала градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
Таа додала дека овој месец веќе е ставена во функција уште една градинка во населбата „11 Октомври“ – Згради, каде веќе се примаат дечиња.
Од Општина Кисела Вода велат дека преку новиот објект во Потстаница, како и со новата градинка што се гради во Расадник, целта е да се овозможи соодветна грижа и современи услови за престој на секое дете од општината.




