Сопругата на загинатиот Гоце Димитриевски возач на мотор вечерва преку Твитер упати чудење како може министер за правда на медиум да објавува неофицијална судска пресуда?
Имено Бојан Маричиќ за телевизија 24 денеска објави дека дознал дека Апелацискиот суд донел одлука со која ја преиначи одлуката за случајот „Сообраќајката кај Млечен ресторан“.
„Денес дознав дека Апелацискиот суд донел одлука со која ја преиначи одлуката за случајот „Сообраќајката кај Млечен ресторан“ и дал 2 години ефективен затвор и две години забрана за управување со моторно возило. Не знам дали е точно, ќе потврдат, информацијата неофицијално ја добив од луѓе кои се информирани“, вели Маричиќ.
По ова се огласи и самата сопруга на загинатиот возач, која вели дека за неа останува нејасно како министер за правда како дел од извршнаѕа власт јавно на ТВ објавува неофицијална судска одлука.