Ја добив оваа сметка денеска! Како Господи, ова е можно, кога ние сме само мало кафуле!, пишува на Твитер сопственичката на кафуле во Ирска со сметка за струја од 9 836 евра за периодот од 8 јуни до 19 август.
Примерот го наведува новинарката Мари Харингтон во The Post, во текстот под наслов Western leaders are madder than I thought („Западните лидери се полуди отколку што мислев“) во која ја критикува нивната политика во контекст на кризата во Украина, а претходно за ковид пандемијата и наведува:
„Сопственичка на кафуле во Ирска вчера објави фотографија од нејзината сметка за струја, во износ од речиси 10.000 евра. Сепак, не е толку возбудливо, колку знамето на Украина во нејзината биографија на Твитер. Тоа е мал детал, но детал кој силно сугерира дека сопственичката на кафуле продолжила да дава барем пасивна поддршка на самите надворешнополитички мерки кои се главно одговорни за големиот пораст на цената на енергијата што сега го загрозува опстанокот на нејзиниот бизнис.“