Доколку ЕУ не се разбуди и не ги препознае внатрешните и надворешните закани, ќе заврши како Советскиот Сојуз, изјави милијардерот Џорџ Сорос, алудирајќи на распадот на советскиот блок во 1991 година.
Тој истакна дека Европа „месечари“ кон уништување, а народот во Европа мора да се разбуди пред да биде доцна.
Сорос додаде дека ЕУ сега се наоѓа во „револуционерен момент“, но крајниот исход е „целосно неизвесен“.
Според него, најлошо од се е фактот дека ниту европските лидери, ниту нивните граѓани не се свесни за оваа ситуација.
Актуелното раководство на Европа го потсетува Сорос на советското политбиро, кога Сојузот се распадна.
Во врска со изборите за Европски парламент, милијардерот смета дека тоа е точка во која ќе дојде до нов судир во Унијата, очекувајќи дека антисемитските, евроскептичните партии ќе остварат добри резултати.
– За жал, антиевропските сили уживаат предност на изборите. Постојат повеќе причини за тоа, вклучувајќи го и старомодниот партиски систем кој е присутен во повеќето европски земји, неможноста за измена на договорите и недостиг на правни средства за казнување на земјите членки кои ги кршат принципите врз кои се заснова ЕУ, изјави Сорос.
Со цел да се избори со антиевропските сили, Европа мора да ги препознае своите непријатели и да го разбуди проевропското мнозинство.
– Во спротивно, сонот на единствена Европа би можел да стане кошмар на 21. век, предупредува Сорос.