Седум годишната Кејли Мекклендон не го дочекала Божиќ во 2016 година. Барем не на оваа земја. Но, она што го видела пред да замине на небото е показател за тоа колку можат да бидат прекрасни луѓе. Целото соседство се собрало да и оддаде почит, украсувајќи ја улицата во виолетово – нејзината омилена боја.
„Имаше само 7 години, а низ толку многу работи помина. Различни тестови, проверки, снимки – и сите ги помина без седативи. Што е голема работа и за возрасен “, вели нејзиниот татко.„ Јас сум навистина воодушевен од поддршката што ни ја покажаа сите“.
Кога соседите дознале што прави семејството на Кејли, тие решиле да помогнат. За само неколку часа, целата улица блескала во виолетово.
Никој не знаел колку време и останува на Кејли кога почнале да украсуваат. Но, тоа не било важно, бидејќи сакале да и подарат виолетов Божиќ.
Тие ја украсиле целата улица со виолетови светла за да му оддадат чест на ова храбро девојче.
Улицата била накитена на време. Само неколку недели по ова добро дело, Кејли замина во рајот. Иако, таа починала во 2016 година, спомените за неа и натаму живеат.