Скопјанецот Мартин Клинчаров, вака го прокоментира ова:
„Додека сите се занимаваме со националните предавства на баронот Минхаузен, тие продолжуваат да ‘газат’!
Денеска во Штип ‘баронот’ подели 3.1 мил. € наши пари преку некаква консултантска фирма за проекти за млад земјоделец!
Во време кога Штип има стопиран и пропаднат проект за нов Клинички Центар каде преку грчката фирма се испумпаа 8 милиони € за работа која не се заврши, во Штип каде во време на пандемија нема болнички возила и нема елементарни услови и средства за лекување, и во Штип каде треба да се оддржат локални избори, се делат пари за проекти за млад земјоделец…
Ако мислите дека ова е повторно предизборен поткуп, грешка сте.
Ова е најобично и најбезобразно дрпање на народни пари од кои никој ниту ќе има бенефит, ниту ќе има видливи резултати…“