Француската банка „Сосиете Женерал“ денеска беше казнета од американските агенции со 1,34 милијарди долари, бидејќи според американските власти ги нарушила различните ембарга и економски санкции, соопшти американската Управа на федерални резерви.
Според американските власти, „Сосиете Женерал“ со трансакциите ги прекршила американските санкции кон Куба, Иран и Судан.