Францускиот премиер Емануел Макрон денеска ќе разговара за проценката на штетите во Министерството за економија со Здружението на работодавачи, осигурителните компании, туристичките работници и банките.

Состаноци со партиските лидери и премиерот Едуард Филип исто така ќе почнат денеска.

Покрај партиските лидери, на разговорите ќе присуствуваат и претставници од „жолтите елеци“, група која почна со организирање манифестации против зголемување на данокот на гориво, но протестите, кои сега се одржуваат трет викенд по ред, се претворија во општо незадоволство од владата.

Макрон повика вчера одржа кризен состанок откако 263 лица беа повредени во саботата во протестите на 136.000 демонстранти на „жолтите елеци”.

Тој нагласи дека ниту еден инцидент нема да остане неказнет.

Продажбата во државата е намалена за 35 проценти откако почнаа протестите, или за 20 во првите две саботи демонстрации на „жолтите елеци”.

Според полицијата во Париз, саботата беше обележана со „невидено насилство”. Вкупно 412 лица беа уапсени, што не се случило во изминатата деценија.