Проблемите во внатрешната и надворешната политика, како и ситуацијата околу Руската православна црква во Украина беа темите на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот Совет за безбедност одржан синоќа. Тоа го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Тема на состанокот беше и ситуацијата околу Руската православна црква и по скандалозната одлука на цариградската Екуменска патријаршија, изјави Песков.
Во четвртокот Цариградската патријаршија соопшти дека ќе почне процес за давање независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква.