Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа не ја прифати руско-кинеската резолуција за формирање комисија која ќе ја истражува диверзијата на гасоводите „Северен тек“.
Резолуцијата беше поддржана од три членки на Советот за безбедност, никој не беше против, а 12 земји беа воздржани, јави Тасс.
За усвојување на резолуцијата беше неопходна поддршка од девет членки на Советот за безбедност.
Во моментов, Шведска, Данска и Германија спроведуваат свои истраги за минирањето и саботажата на двата гасоводи во Северно Море „Северен тек 1 “ и „Северен тек 2“.
Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, на седницата на Советот за безбедност изјави дека Москва сериозно се сомнева во транспарентноста на овие истраги.