Паразитот Петре Шилегов својот мандат како градоначалник на Град Скопје го потроши на луксузирање и вработување на партиски војници. Долго ветуваниот алпски воздух за граѓаните и оваа зима не стаса. Наместо алпски воздух граѓаните ќе дишат смог. Концентрацијата на ПМ честици уште пред зима драстично се качува. Додека граѓаните се трујат Шилегов не излегува од филмот дека е градоначалник на некоја европска метропола.
Наместо алпски воздух граѓаните ќе добијат лампиони и светилки вредни 200.000 евра.
Наместо алпски воздух граѓаните ќе добијат пластични диносаурси кои ќе чинат 325 илјади евра.
Вкупно 525 илјади евра граѓаните ќе дадат за луксузот на Шилегов. Со тие пари можеше да се набават најмалку 15 возила за итна медицинска помош, да се изградат неколку монтажни ковид центри, да се купат 1.000 лаптопи за дечиња кои не може да ја следат онлајн наставата која се организира поради заштита од короната.
Граѓаните наместо татко на градот добија уништувач.
Петре Шилегов својот мандат го потроши во уништување и осиромашување на граѓаните на Град Скопје.
На Скопје не му е потребен уништувач и паразит, на Скопје му е потребен градоначалник кој посветено ќе работи.
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје