Граѓани од Ѓорче Петров денес беа непријатно изненадени од случувањата во Советот на општината.

Советниците на СДСМ и Левица прво направија хаос карајќи се со другите колеги советници, но врвот на тензиите настана кога тие почнаа расправија и со граѓани.

Еден жител на општината за КУРИР вели дека тоа што се случи денес е срамота.

-Такво неразбирање, такви спротивности во однос на донесувањето на ДУП-от ЦР16… Кога требаше тоа да се стави во функција на граѓаните на Ѓорче Петров, да може да си ги решаваат своите имотно-правни односи, согласно изводите од ДУП, денеска бевме присутни на една седница која  не личи на седница. Срамота, можам да го употребам тој збор. Сите беа помлади од мене, ги гледам се борат, но не можам да ја најдам логиката, зошто таков однос, зошто такви контрасти, без ниедно разбирање, рече скопјанецот.

Целата негова изјава во која детално образложува што се случи и што очекуваат, погледнете ја во продолжение