Адри Нурелари, советник на претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели најави дека е можно многу набрзо да биде укината царината од 100 проценти за српските прозводи, воведена во ноември.
– Постои голем притисок од САД. Весели го поднесе својот план за укинување на царината за 20 дена, за да му се даде шанса на мирот. Се уште нема договор меѓу коалицијата, но верувам дека тоа ќе се постигне многу брзо. Заради интересите на Косово, премиерот Харадинај ќе го смени својот став, изјави Нурелари гостувајќи во емисијата „Арена“ на тиранската телевизија Ора њуз.
Тој исто така зборуваше и за заедничката вечера на косовскиот државен врв со албанскиот премиер Еди Рама, која, како што рече била со цел „намалување на внатрешните тензии во Косово“.
– Вечерата беше многу важна за да се смират тоновите и да се создаде дух на институцинална соработка. Да се избегнат лични судири. Весели повтори дека ова е многу важна тема и не може да се саботира за лични судири како што се оние меѓу премиерот и претседателот. Оваа вечера беше во прилог да се избегнат овие егоистички препукувања, посочи Нурелари.